Две лица загинаа, најмалку 20 се повредени, а пет до седум лица се под урнатините на зграда во Криви Рих, која утрово беше погодена од руски ракети, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.
Според Клименко, руските сили истрелале две ракети кон Криви Рих, кои погодиле образовна институција и станбена зграда, пренесува Интерфакс Украина.
„Една ракета погоди четирикатна зграда на образовна институција. Најверојатно има луѓе под урнатините. Спасувачите и полицијата работат“, напиша Клименко на својот Телеграм канал.
Тој изјави дека втората ракета уништила дел од четврти до деветти кат од станбената зграда и дека потоа избувнал пожар.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски сподели изјава во која го осудува нападот.
„Овој терор нема да не заплаши или скрши. Ние работиме и го спасуваме нашиот народ“, рече Зеленски.