Еден руски политичар неодамна беше слушнат како за време на празничен настан во Руската Дума вели дека децата во главниот град на Украина Киев „ќе добијат ракети“.
На видеото објавено на Твитер од белорускиот медиум Некста ТВ, рускиот политичар Олег Нилов се гледа како зема украс од новогодишна елка и го чита писмото со желби на некое дете, пренесува Њузвик.
– Момчето Вова од Киев сонува за ракети. Вова, ќе добиеш ракети, само ти чекај – вели Нилов во видеото, според преводот на ТВ Некста.
Во позадина на видеото се гледа како луѓето негодуваат и се засрамени од зборовите на Нилов.