More

    Руски пилот на хеликоптер, кој пребегна во Украина во август, откри детали за операцијата на прелет во неговиот борбен хеликоптер Ми8

    spot_img

    Руски пилот на хеликоптер, кој пребегна во Украина во август, откри детали за операцијата на прелет во неговиот борбен хеликоптер Ми8 во интервју што го објави Украинската разузнавачка служба.

    Пилотот Максим Кузминов во интервјуто објаснил како го планирал своето бегство и зошто се чувствувал принуден да го стори тоа, пишува CNN.

    – Контактирав со претставници на украинските разузнавачки служби, ја објаснив мојата ситуација и тие ми ја понудија оваа опција: „Ја гарантираме вашата безбедност, гарантираме нови документи, гарантираме паричен надоместок“- рече пилотот во видеото објавено во понеделникот.

    Директорот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов во август откри како украинските власти успеале да му помогнат на пилотот да побегне.

    – Успеавме да создадеме услови целото негово семејство да го извлечеме незабележано и конечно да создадеме услови да полета во овој авион со екипаж што не знаеше што се случува. Со него беа него уште двајца луѓе,екипажот има вкупно три лица. Кога сфатиле каде слетале, се обиделе да избегаат. За жал, биле елиминирани.Ние повеќе би сакале да ги фатиме живи, но така испадна – рече Будинов.

    Во интервјуто што е објавено во понеделникот, пилотот опиша како се одвивал настанот.

    – За време на еден лет сфатив дека сум блиску до границата. Ја пренесов мојата локација. Мислев дека вреди да се обидам бидејќи не бев толку далеку. Донесувајќи ја конечната одлука, летав на екстремно мала височина во режим на тишина на радио. Никој не сфати што се случува – раскажа рускиот пилот.

    Пилотот вели дека успеал да слета во Украина, каде што го пречекале украинските власти.

    Околностите на интервјуто се нејасни, но изгледа дека пилотот слободно зборува. Во тоа време, неофицијален руски Телеграм канал, изненаден од податоците за летот, објави дека хеликоптерот Ми-8 полетал за Украина и по грешка слетал во централниот регион Полтава.

    Пилотот се осврна и на руските дезинформации за инвазијата на Украина.

    – Вистината е дека овде нема нацисти или фашисти. Вистински е срам што се случува овде. Убиства, солзи, крв. Луѓето се убиваат меѓусебно. Направив се што можев, не сакам да бидам дел од тоа – вели  пребеганиот руски пилот.

    Тој открива дека главен мотив за неговото бекство бил да не придонесува повеќе за воените злосторства од кои страдаат и украинскиот и рускиот народ.

    – Она што се случува сега е геноцид на украинскиот народ. И украински и руски. Мотивот за мојот чин беше да не придонесам за овие злосторства. Украина недвосмислено ќе ја добие оваа војна затоа што народот е многу обединет и сложен. Пореано не беа такви, но сега се многу обединети. Целиот свет им помага, бидејќи пред сѐ треба да се цени човечкиот живот – додава пилотот и повикува и други припадници на руската армија да пребегаат во Украина.

    – Ќе бидете згрижени до крајот на животот. Ќе ви биде понудена работа насекаде, без оглед на тоа што работите. Едноставно ќе го откриете светот во боја – вели рускиот пилот.

    Си-Ен-Ен не можеше да го потврди идентитетот на пилотот. Но, независниот руски Телеграмски канал – Агенство, пишува дека го нашол профилот на Кузминов на социјалните мрежи и дека тој бил пилот за напад на 319-от одделен хеликоптерски полк на Источниот воен округ.

    Украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој има добри контакти во Министерството за одбрана, претходно објави дека хеликоптерот е целосно недопрен и ќе биде додаден на украинските вооружени сили после деталното испитување на опремата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img