More

    Руски опозиционер го тужеше Путин за употреба на зборот „војна“

    spot_img

    Опозицискиот политичар и советник од Санкт Петербург, Никита Јуферев, побара од обвинителот да реагира и да го испраша рускиот претседател Владимир Путин за користење на зборот „војна“, што тој го нарече, како што Москва официјално го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Опозицијата го обвини Путин дека го прекршил сопствениот закон, објави Ројтерс.

    Откако ја нападна Украина на 24 февруари, Русија оваа интервенција ја нарече специјална воена операција, а во март беше донесен закон кој пропишува строги казни за намерно „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Овој закон ги изложи луѓето на ризик да бидат под истрага доколку војната ја нарекуваат со нејзиното име.

    На прес-конференција одржана во четвртокот, Путин рече дека целта на Москва е да се стави крај на војната.

    Јуферев за Ројтерс изјави дека е свесен дека неговите правни напори се залудни, но дека ја поднел тужбата за да ги открие лагите на системот.

    „За мене е важно да го сторам ова за да го свртам вниманието на противречностите и неправдата на овие закони што Путин ги потпиша, но кои тој самиот не ги почитува“, изјави Јуферев за Ројтерс.

    Тој додаде дека колку повеќе се споменува, толку повеќе луѓето ќе се сомневаат во чесноста и непогрешливоста на рускиот претседател, што на крајот ќе доведе до намалување на поддршката што му ја даваат граѓаните.

    Во отворено писмо опозиционерот побара од државниот обвинител и од министерот за внатрешни работи да го обвинат Путин врз основа на законот за ширење лажни вести за акциите на руските вооружени сили.

    Тој побара од Ројтерс да не ја открива неговата локација и посочи дека критичарите на Путин, кои јавно ја нарекуваат војната војна, трпат тешки последици.

    Опозиционерот Илија Јашин овој месец беше осуден на 8,5 години затвор за ширење лажни информации за армијата. Алексеј Горинов, член на Собранието на Санкт Петербург, во јули беше осуден на седум години затвор поради критикување на инвазијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img