Руски олигарси ќе се жалат за санкциите на ЕУ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најбогатите руските милијардери Михаил Фридман и Пјотр Авен најавија дека ќе се обидат да ги оспорат санкциите што Европската унија ги воведе против нив и одлуката на Брисел целата руска олигархија да биде исклучена од глобалниот финансиски систем како последица на руската инвазија врз Украина.

Руската економија се соочува со една од најтешките кризи од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година откако Запад воведе санкции против целиот руски финансиски и корпоративен систем.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, вели дека „посебната воена операција“ е клучна по гаранциите за руската безбедност откако САД го проширија НАТО до самата руска граница и го поддржаа прозападното украинско раководство.

Некои од олигарсите кои се обогатија во транзицискиот хаос во 90-те, изминатите денови јавно повикува на мир, меѓу кои и Фридман кој е родум од западноукраинскиот град Лавов.

Но, ЕУ во понеделникот воведе санкции за Фридман и Авен, долгогодишните партнери кои заработија милијарди од нафта, банкарски услуги и трговија.

И двајцата сметаат дека сите обвинувања против нив се лажни, клеветнички најавувајќи дека и правно ќе ги оспорат.

– Овие санкции се невтемелени и неправедни. Не знам дали ќе ме санкционираат и Велика Британија и САД, се надевам оти тоа нема да се случи – изјави Фридман.

Фридман кој е британски даночен обрзник ја оцени војната во Украина како трагедија што треба час поскоро да биде завршенба. Меѓутоа, застана на тоа, истакнувајќи оти е чувствително да се коментира руската политика.

Притоа тој не појасни како планираат со Авен да ги оспорат санкциите на ЕУ. Во заедничкото соопштение порачаа дека тоа ќе го направат „со сите средства што им се на располагање“.

- Advertisement -
Ad image

Западните лидери сметаат дека санционирањето на најбогатите луѓе во Русија претставува притисок врз Путин, иако многу од олигарсите велат оти е наивно да се очекува рускиот претседател да ги слуша руските деловни луѓе, особено кога е во прашање националната безбедност.

Европската унија соопшти дека Авен е еден од олигарсите „најблиски до Путин“, додека за Фридман се вели дека е еден од најдарежливите финансиери и соработник на најблиските луѓе до рускиот претседател.

И двајцата негираат какви било „финансиски или политички односи со рускиот претседател или Кремљ“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article