Руски напад уништи цел дел од станбена зграда во Харков. Пријавени се многу повреди, вклучително и едно дете, објави Киев пост на Х со видео од погодената зграда. Украинска Правда пишува дека 24 луѓе се повредени.
Киев пост пишува дека луѓето можеби сѐ уште се заробени под урнатините. Итните служби се на терен и го расчистуваат теренот.
Шефот на воената управа на регионот Харков, Олег Синебухов, извести дека на местото на нападот избувнал пожар и дека влезот во зградата е целосно уништен. Оштетени се цивилни возила.
 
							 
								 
			

 


 
                                
                             















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		