More

    Руски милијардер стана сопственик во хрватската фабрика за слатки

    spot_img

    Рускиот бизнисмен Денис Штенгелов преку компанијата „Флексвеј адријатик “ (Flexway adriatic) стана сопственик на 75% од фабриката за кондиторски производи „Звечево“ од Славонска Пожега.

    Уделот во фабриката тој го купил од доминантниот сопственик Здравко Алвир по цена од 38,71 евро за акција или вкупно за 11 милиони евра.

    Тоа за хрватските медиуми го потврдува и Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (ХАНФА).

    Компанијата „Флексвеј адријатик“  сега мора да објави јавна понуда за преземање на сите акции на „Звечево“, односно околу 25% што ги поседуваат малите акционери.

    Основач на хрватската филијала  „Флексвеј Адријатик“ е компанијата „Флексвеј“ со седиште во слободната зона во Дубаи. Штенгелов ја поседува  компанијата КДВ, која произведува храна, а се  занимава и со производство на слатки. Тој е сопственик на малопродажниот синџир „Јарче“ со повеќе од илјада супермаркети во Русија.

    Штенгелов  со години живее во Австралија, а Украина го стави на списокот на санкционирани лица. Но, Европската унија не го направи тоа, па тој успеа да ја заврши трансакцијата.

    Според Форбс, Штенгелов е 94. најбогат Русин и 2.133. најбогат во светот со богатство вредно 1,3 милијарди долари.

    „Звечево“ минатата година ја затвори со приходи од 14,5 милиони евра, 37% повеќе од претходната година.

    фабриката за слатки „Звечево“ ги произведува познатите  чоколади „бато“ и „сека“ и „волим те“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img