Руски хакери извршија нов напад на платформите на социјалните мрежи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руски хакери извршија нов напад врз странски лидери, насочени кон платформите на социјалните мрежи со голема кампања за дезинформации, чија цел е да ја легитимизира инвазијата на Украина, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Платените оперативци, кои работат од фабриката во Санкт Петербург, ја користат апликацијата Телеграм за регрутирање и координација на поддржувачи, кои потоа ги преплавуваат социјалните мрежи со коментари за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина.

Лажни сметки – таканаречените „фабрики за тролови“ се пронајдени на осум платформи за социјално вмрежување, меѓу кои Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТук.

Цел на операцијата беа политичарите и јавноста во многу земји, вклучително и Британија, Јужна Африка и Индија.

Се верува дека кампањата има врска со Евгениј Пригожин, кој беше санкциониран од Соединетите Држави и Велика Британија поради финансирање онлајн операции под влијание на Кремљ.

„Не можеме да дозволиме Кремљ и неговите сомнителни фабрики за тролови да ги напаѓаат нашите онлајн простори со нивните лаги за илегалната војна на Путин“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Таа рече дека владата на ОК ги предупредила меѓународните партнери и дека ќе продолжи тесно да соработува со сојузниците и медиумските платформи за да ги поткопа руските информативни операции.

Share This Article