More

    Руски хакери ги објавија податоците на 1.000 украински разузнавачи

    spot_img

    Хакерската група „Злобни руски хакери“ (RaHDit) на веб-страницата „Немезис“ ги објави податоците на илјада вработени во Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина.
    Меѓу откриените разузнавачи има и претставници на амбасади во Русија, Индија, Австрија, Виетнам, Јужна Африка, Италија, Турција и Иран.

    Списокот содржи и информации за спонзори на воено разузнавање во Полска, Унгарија, Бугарија и Словачка, инструктори за пренасочување и претставници на специјалните сили за управување со тајните и воените разузнавачки служби.

    Од почетокот на војната во Украина, ова е најголемото „протекување“ на украинските разузнавачи.

    Како што наведуваат во придружниот коментар, недостатоците во заштитата на мрежата на Централната управа на ГУР во Киев, како и методите за анализа на големи податоци според карактеристичните модели на однесување на корисниците, помогнале да се формира базата на податоци.

    Групата прецизира дека ова е прв материјал од серијата публикации што ќе следат.

    Во јуни оваа хакерска група објави податоци за 700 вработени во Службата за безбедност на Украина. На почетокот на војната во Украина беа хакирани сите 755 веб-страници на украинската влада, а на хакерски напади беа изложени и веб-страниците на локалните власти низ целата земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img