Пратеникот и поранешен воен началник во областа Луганск во источна Украина, која е под руска окупација, Михаило Филипоненко, загина во експлозија на неговото возило, објави локалниот медиум Луг-инфо.
Синот на жртвата Иван Филипоненко за тој медиум потврдил дека во експлозијата неговиот татко се здобил со „смртоносни повреди“. Според Луг-инфо, постариот Филипенко бил пратеник во локалниот парламент и поранешен функционер на сепаратистичката армија во Луганск.
Друг локален заменик од таа окупирана област, Јури Јуров, преку Телеграма потврди дека на 21 февруари 2022 година под возилото на Михаило Филипоненко веќе била поставена бомба и дека е чудо што ја преживеал експлозијата. Тогаш беше повреден само неговиот возач.
Според Јуров, Михаил Филипоненко бил еден од основачите на сепаратистичката армија во Луганск во 2014 година, на почетокот на војната меѓу Киев и проруските украински сили поддржани од Москва.
Четирите украински територии анектирани од Москва (Доњецк, Луганск Херсон и Запорожје) редовно се цел на напади, понекогаш и смртоносни, против претставници на руските окупаторски сили.
Руските власти и припишуваат неколку убиства или обиди за убиства на Украина од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година. Пред почетокот на руската инвазија, регионите Доњецк и Луганск веќе беа зафатени од судири меѓу сепаратистите.
Минатата недела руската безбедносна служба ФСБ го обвини Киев дека стои зад обидот за убиство на поранешниот украински пратеник кој пребегна на руската страна Олег Цариов на крајот на октомври.