Руски функционер веднаш добил покана да се бори во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

 Руски функционер кој минатиот месец одби да застане кога почна да се свири руската химна добил покана да се бори во Украина. Александар Лепендин, заменик на Окружното собрание на Малојарославец во руската област Калуга, изјави за локалните медиуми дека нозете му се уморни по сесијата во теретана, пишува Њузвик.

 На Лепендин веднаш по настанот му било наредено да оди во локалната воена канцеларија за регистрација и упис.

 –          Ниту еден човек од публиката не беше огорчен, не ме повлече, не праша дали сум во ред – изјави тој за Ар-Би-Си.

 Лепендин изјави за руска Газета дека на 15 март се прогласил за неподобен за служба и дека очекува одлуката за тоа прашање да биде донесена во рок од еден месец. Тој ќе одговара и пред суд, според информациите изнесени од шефот на администрацијата во местото Малојарославец.

Стотици илјади Руси добија покана да се борат по делумната мобилизација лани во септември.

Еден општински заменик во Санкт Петербург, по име Дмитриј Балтруков добил покана откако заедно со други пратеници во општината повикале Путин да биде отстранет од власт поради велепредавство.

Балтруков тогаш за Њузвик изјави дека работниците и полицајците дошле во неговиот дом, каде што била неговата мајка, за да му врачат покана, и покрај тоа што немал воено искуство.

Сeргеј Аксјонов, рускиот политичар кој ја извршуваше функцијата шеф на Крим од 2014 година, предложи да им се одземе државјанството на сите оние кои не се залагаат за руската химна.

Share This Article