More

    Руски функционер: Донесовме 700.000 деца од воените зони во Украина

    spot_img

    Руски функционер: Донесовме 700.000 деца од воените зони во Украина
    Русија донесе 700.000 деца од конфликтните зони на Украина на руска територија, изјави Григориј Карасин, претседател на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата на горниот дом на рускиот парламент, а пренесува Гардијан.

    „Во последниве години, 700.000 деца најдоа засолниште кај нас, бегајќи од бомбардирање и гранатирање од конфликтните области во Украина“, напиша Карасин на Телеграм.Ројтерс, исто така, пренесува дека Москва тврди дека нејзината програма за носење деца од Украина на руска територија е да ги заштити сирачињата и напуштените деца во конфликтните зони.

    Украина тврди дека многу деца биле незаконски депортирани, а САД велат дека илјадници деца биле насилно одземени од нивните домови.

    Најголем дел од движењето на луѓе и деца се случи во првите неколку месеци од војната, која започна во февруари 2022 година.

    Во јули 2022 година, САД процениле дека Русија „насилно депортирала“ 260.000 деца, додека украинското Министерство за интеграција на окупираните територии тврди дека 19.492 украински деца во моментов се сметаат за нелегално депортирани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img