Руски борбен авион Су-35 полетал и се упатил над Балтичкото Море во понеделникот откако два американски стратешки бомбардери Б-52 полетале во правец на руската граница, но дека се вратил во базата откако тие се оддалечиле

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски борбен авион Су-35 полетал и се упатил над Балтичкото Море во понеделникот откако два американски стратешки бомбардери Б-52 полетале во правец на руската граница, но дека се вратил во базата откако тие се оддалечиле, пренесува Ројтерс.

Инцидентот се случил четири дена по падот на американскиот дрон во Црното Море кој исто така беше пресретнат од руски авиони „Сухој“.

 

„На 20 март, радарските објекти на силите за противвоздушна одбрана на Западната воена област на должност над Балтичкото Море открија две воздушни цели кои летаат во правец на државната граница на Руската Федерација“, соопшти Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.

„Не е дозволено прекршување на државната граница на Руската Федерација“, се додава во написот.

Бомбардерите Б-52 се способни да носат и нуклеарно оружје.

Share This Article