More

    Руската новинарка Дарија Асламова уапсена на Косово

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла за Радио Слободна Европа потврди дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата.

    Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.

    „Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, напиша Свечла.

    На некои фотографии што ги сподели преку својата објава на Фејсбук, Асламова е  со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со сирискиот претседател Башар ал Асад.

    Свечла рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.

    – Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја – вели Свечла.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img