More

    Руската морнарица започна големи воени вежби, важна единица не учествува

    spot_img

    Руската морнарица ги започна своите планирани вежби во кои е вклучен најголемиот дел од флотата во Арктичкиот и Тихиот Океан, како и во Балтичкото и Каспиското Море, соопшти во вторникот Министерството за одбрана.

    Русија, тврдат воените експерти, ја има третата најмоќна морнарица зад САД и Кина и има импресивна флота од нуклеарни подморници опремени со балистички ракети.

    Во поморските вежби учествуваат 300 бродови и 20.000 војници и друг воен персонал, подморници и придружни пловни објекти, околу 50 авиони и повеќе од 200 воени единици и специјална опрема. Намерата е да се тестира подготвеноста и можностите на морнарицата на сите нивоа, соопшти Министерството.

    Единствената која не учествува во воените вежби е Црноморската флота, која, пишува Ројтерс, тешко се прилагодува на динамичното, модерно војување со беспилотни летала, а командантот на флотата е разрешен на почетокот на годината.

    На церемонијата по повод денот на руската морнарица, претседателот Владимир Путин во неделата ги предупреди САД дека доколку распоредат ракети со долг дострел во Германија, Русија ќе стационира слични проектили во непосредна близина на запад.

    САД и Германија во јули објавија дека ќе започнат со распоредување ракети со долг дострел во Германија во 2026 година, а во својот неделен говор по повод Денот на руската морнарица, Путин ги предупреди Соединетите држави дека потегот ризикува да предизвика ракетна криза слична на Студената војна.

    Тој потсети дека времето на летот на ваквите ракети до цели на руска територија е околу 10 минути и рече дека Русија ќе ги преземе истите мерки имајќи ги предвид дејствијата на САД, нивните сателити во Европа и другите региони во светот.

    Откако ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Русија одржа бројни воени маневри, некои во соработка со други земји како Кина и Јужна Африка.

    Во изминатите два месеци Русија спроведе бројни вежби со тактичко нуклеарно оружје, а ги засили и воените вежби со Белорусија, која граничи и со Русија и со Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img