Руската мисица унаказена по естетските операции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руската манекенка Јулија Тарасевич (43) го откри хоророт кој го преживеала поради пластичните операции по кои повеќе не може да ги затвора очите, па дури ниту да се насмее.

Јулија била второпласирана на меѓународниот натпревар за Мис пред две години, но набргу потоа одлучила да оди на низа процедури во клиника во Краснодар, на југот на Русија.

 

 

Мајката на две деца рекла дека нејзиното лице станало многу отечено и воспалено по операциите вредни 3.000 фунти, а кои вклучуваат лифтинг на лицето, блефаропластика (козметичка корекција на очните капаци) и мини-липосукција.

 

– Дојдов таму со убаво, здраво лице. Само сакав да исправам некои ситници предизвикани од стареењето. Но, за жал, го изгубив здравјето – изјавила манекенката.

- Advertisement -
Ad image

 

Јулија сега не може да мрдне делови од лицето или да ги затвори очите и покрај тоа што закрепнала од операцијата и потрошила 20.000 фунти за да ги поправи проблемите, кои се покажале безуспешни.

Таа сега поднела кривична пријава против двајца лекари кои учествувале за време на операциите, а тие тврдат дека компликациите настанале како последица на редок генетски дефект, пишува „Дејли мејл“.

- Advertisement -
Ad image

„Имам лузни кои се појавија на образите откако ми го отстранија ткивото. Очите не ми се затвораат и не можам да се насмеам. Не можам да ја кренам горната усна и воопшто не чувствувам еден дел од лицето. Отидов за операција бидејќи сите претходни анализи беа во ред. Бидејќи имав една пластична операција пред ова, направив ринопластика и таа помина совршено, без никакви генетски абнормалности“, додала манекенката.

 

 

Во меѓувреме таа се огласила на Инстаграм каде напишала дека наскоро ќе објави детали од хоророт низ кој поминала и ја замоли јавноста за разбирање.

ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

Share This Article