Руската манекенка Ирина Шајк упати поддршка до укранскиот народ по руската инвазија на Украина.
На својот профил на Инстаграм супермоделот објави симбол на мирот и ги повика следбенците да ѝ помогнат на Украина.
„Не за војната. Ќе донирам за УНИЦЕФ и за украинскиот Црвен крст. Ве молам, најдете ги линковите за донации и ресурси на моите „приказни“ на Инстаграм. Дадете колку што можете. Се молам за мир во светот“, напишала Ирина.
Таа на Инстаграм објави и фотографии кои настанале во скривалишта во кои се наоѓаат Украинците.
2Ве молам, донирајте барем еден долар. Како воопшто може да спиете, да работите или да функционирате додека ова се случува?“, напишала манекенката.
Ирина уште претходната недела се огласи по повод ситуацијата во Украина. Таа објави фотографија од земјината кугла преку кој се наоѓаше симбол кој означува мир.
ФОТО: Инстаграм