Уништени се два брода без екипаж, со кои Украинците се обидоа да ја нападнат поморската база во Новоросијск, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Вооружените сили на Украина, користејќи два чамци без екипаж, синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск“, се вели во соопштението што го пренесе ТАСС.
Министерството додава дека чамците биле забележани и уништени со оган од руски бродови кои ја обезбедувале поморската база.
Гувернерот на Краснодарскиот крај Вениамин Кондратиев изјави дека нема жртви или материјална штета.