Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, изјави руската амбасадорка, Елеонора Митрофанова, во нејзината реакција за иницијативата за отстранување на споменикот на советската армија во центарот на Софија.
– Ако не беше СССР, од Бугарија ќе останеше само Софиската област, зашто тогаш, по Втората светска војна, стана збор за поделба на Бугарија и само Советскиот сојуз не дозволи таа да се подели. Не само што СССР не даде таа да се подели, туку ѝ ја остави и добивката Добруџа. Поради тоа, колку и да се сложени односите, потребен е пообјективен поглед на историјата – изјави Митрофанова во интервју за Поглед.инфо.
Споменикот со посвета „на Советската армија – ослободителка од благодарниот бугарски народ“, по инвазијата од Русија врз Украина беше испишан со навреди за рускиот претседател Владимир Путин и бојосан во украинските бои.
фото: МИА