Руската амбасада не била „третиот фактор“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема основ за тврдењата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, дека сме заинтересирани за конфликт меѓу Северна Македонија и Бугарија, реагира амбасадата на Русија во земјава после изјавата на шефот на дипломатијата.

„Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Б. Османи дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација. Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во БиХ и во „српската автономна провинција Косово и Метохија“, не може да се прецени“, соопшти Руската амбасада во Северна Македонија.

Share This Article