Руска манекенка пронајдена мртва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Телото на руската манекенка Грета Ведлер, која имаше само 23 години, е пронајдено во куфер спакуван во багажникот на напуштен автомобил.

Грета беше успешна манекенка од Москва, а вниманието на јавноста особено го привлече минатата година кога на социјалните мрежи напиша навреди за претседателот Владимир Путин. Меѓу другото, Грета го нарече Путин „психопат“ и рече дека кампањата за подобрување на Русија „ќе заврши со солзи“.

Грета исчезна еден месец подоцна, а никој не знаеше каде е цела година. Сега нејзиното тело е откриено во багажникот на автомобил, спакувано во куфер.

 

 

По расправија Грета била задавена од нејзиното момче Дмитриј Корвин (23), кој претходно покажувал знаци на насилство и љубомора. По една година истрага, го признал делото и рекол дека ја убил Грета по расправија за пари и дека тоа нема никаква врска со политичките ставови кои таа ги искажувала на социјалните мрежи.

По убиството, телото го спакувал во нов куфер, што ги навело инспекторите да помислат дека тој го планирал злосторството. Го ставил во багажникот и возел 300 километри до регионот Липецк, каде го оставил автомобилот.

Во меѓувреме Корвин продолжил продолжи да објавува слики и статуси на социјалните мрежи на Грета, за најблиските да помислат дека таа е сè уште жива.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article