More

    Руска армија: 21 украински беспилотно летало соборени вечерва, 12 над Крим

    spot_img

    Руската армија соопшти дека синоќа соборила 21 украински беспилотно летало, од кои 12 биле над територијата на полуостровот Крим.

    „Во текот на ноќта беа спречени обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со воздушни беспилотни летала на руска територија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

    Министерството додаде дека противвоздушната одбрана уништила 21 украински беспилотно летало.

    Министерството прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над Крим и шест над регионот Курск, каде од почетокот на август се одвива голема украинска офанзива.Потоа беше неутрализиран по еден дрон над регионите Белгород, Брајанск и Воронеж, кои граничат со Украина.

    Засега нема извештаи за штети или жртви.

    Локалните власти утринава соопштија дека избувнал пожар во складиште за нафта во Феодосија, Крим, но не го поврзуваат со нападите во текот на ноќта.

    Владата на Крим соопшти дека во тој магацин за нафта, каде што биле испратени спасувачи и пожарникари избувнал пожар и дека во тој град на Црното Море е прогласена вонредна состојба.

    Русија речиси секојдневно објавува дека уништила украински беспилотни летала лансирани на нејзина територија. Киев најавува дека ги изведува овие напади, кои често се насочени кон енергетските капацитети, како одговор на руското бомбардирање на Украина повеќе од две години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img