Руските сили извршија „исклучително интензивен“ воздушен напад врз Киев рано утринава користејќи беспилотни летала и крстаречки, а можеби и балистички ракети, соопштија градските власти. Ова е осми воздушен напад овој месец.
-„Тоа беше исклучително во однос на интензитетот – максимален број проектили во најкраток можен временски период“, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација на главниот град на Украина. „Според прелиминарните информации, повеќето од непријателските цели во воздушниот простор на Киев се откриени и уништени“, додаде тој.
Засега се уште не се знае колку објекти се урнати и дали некои од нив успеале да ги погодат метите. Како што изјавија официјални лица за Ројтерс, утринава урнатини паднале во областите Оболонски, Шевченковски, Соломјански и Дарнитски во Киев.
Кличко: Тројца повредени во ракетниот напад утринава
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека остатоците од утринава руски воздушен напад врз Киев запалиле неколку автомобили и оштетиле зграда во населбата Соломјански во западниот дел на главниот град. Повредени се три лица.