Русите уништиле 32 пунктови, опрема и складишта за муниција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Артилерија на руските вооружени сили во текот на ноќта уништи 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. Тој истакна дека во ноќната операција убиени се и 600 „националисти“, како што ги нарекува украинските војници.

Министерството за одбрана на Русија, исто така, соопшти дека нивни проектили уништиле авионска опрема на аеродромот Канатово во централниот украински регион Кировохрад и големо складиште за муниција во јужниот град Миколаев.

Руските сили исто така истрелаа ракети врз објект на железничката инфраструктура во Дњепар, соопшти денеска прес-службата на Украинските железници.

Како што се наведува во соопштението, нема повредени меѓу железничарите, а обемот на штетата ќе се процени по завршувањето на тревогата за воздушен напад, објавија локалните медиуми.

– Руските трупи продолжуваат прецизно да ја напаѓаат железничката инфраструктура. Извршен е уште еден ракетен напад врз железничката инфраструктура во Дњепар, објави компанијата на социјалната мрежа Телеграм.

Share This Article