Украинскиот претседател Володимир Зеленски, собирајќи воена и политичка поддршка во балтичките земји во средата и четвртокот, силно ја отфрли идејата за прекин на огнот со Русија велејќи дека тоа само ќе ѝ користи на Москва со тоа што ќе ѝ им даде време на руските сили „да нé совладаат и ние нема да ризикуваме“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говорејќи во латвискиот главен град Рига истакнал дека Русија се подготвува да започне офанзива во пресрет на претседателските избори во март.
– Тие сакаат некои мали тактички победи пред (изборите) и се подготвуваат за нешто глобално или масовно потоа – навел Зеленски.
Според него, ситуацијата на фронтот е многу комплицирана бидејќи на Украина ѝ недостига оружје и дека земјата тешко ќе прежувее доколку не го добие одложениот пакет финансиска поддршка од ЕУ.
Тој исто така ја коментираше и изјавата на портпаролот на Белата куќа за национална безбедност дека испораката на американска воена помош за Киев сега е запрена.
– Во Украина има околу 12 милиони пензионери кои едноставно ќе умрат ако не добијат пензии. Кога (републиканецот Рон Де) Десантис ќе стане пензионер, лично ќе му помогнам со благодарност, бидејќи САД им помогнаа на нашите пензионери – изјави украинскиот претседател мислејќи на Републиканците кои ја блокираа помошта во американскиот Конгрес.
Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе ја посети Украина, а неговиот кабинет соопшти дека Велика Британија ќе испрати 2,5 милијарди фунти воена помош за Украина. Сунак ја пофали Украина за нејзината, како што наведе, „непоколеблива“ решеност да се брани од руската инвазија во последните две години, пишува Политико.
– Велика Британија е веќе еден од најблиските партнери на Украина, бидејќи признаваме дека нивната безбедност е наша безбедност – рече Сунак.
Според известувањето на „Скај њуз“, околу 200 милиони фунти ќе бидат инвестирани за купување и производство на илјадници воени беспилотни летала, повеќето од нив произведени во Велика Британија.
Балтичките земји исто така обезбедија помош за Украина. Естонија, земја со 1,2 милион жители, вети дека ќе ѝ даде на Украина 0,25 отсто од годишниот буџет за одбрана до 2027 година. Латвија исто така сака да обучи 3.000 украински војници оваа година и да ја поддржи Украина со производство на беспилотни летала.
Според Зеленски, Летонија обезбедила помош во вредност од 600 милиони евра, што е еднакво на 1 процент од БДП на земјата.