Русите со будно око ги следат изјавите на Трамп

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Распоредувањето на американските воени авиони Ф-35 во базата Питуфик на Гренланд кое во иднина може да стане трајно присуство го свртеа вниманието на Москва. Додека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека е апсолутно неопходно САД да го припојат најголемиот остров во светот, рускиот амбасадор во Данска, предупреди дека се гради аеродромска инфраструктура за авоните.

– Американската вселенска база Питуфик (порано позната како воздухопловна база Туле) денес е дел од американскиот систем за предупредување за нуклеарен удар на Арктикот. Таа е подложена на сеопфатна модернизација, вклучувајќи радарски системи вредни милијарди долари, исто така, гради аеродромска инфраструктура за Ф- 35 борбени авиони, кои се способни да носат нуклеарно оружје – изјави амбасадорот Владимир Барбин.

Гренланд официјално ѝ припаѓа на Данска. Земјата неколку пати досега му укажа на Трамп дека Гренланд не е за продавање. Најавите на Трамп во последните недели добија коментари од западните челници кои сметаат дека се работи за блеф. Но, Москва е внимателна кога станува збор за островот кој има стратешка позиција во Арктикот.

– Русија го поддржува зајакнувањето на стабилноста на Арктикот. Тоа е можно само врз основа на создавање меѓународен безбедносен систем што е еднаков за сите арктички држави 0 додаде амбасадорот Барбин.

Дали евентуалното трајно распоредување авиони Ф-35 е закана за Москва? Гренланд се наоѓа на приближно 3.800 километри од руската граница, додека борбениот радиус на Ф-35 е само околу 1.000 километри, анализира „Милитар Воч Магазин“.

За споредба, ловците со најдолг дострел во светот, рускиот Су-34 и кинескиот Ј-20, имаат борбени радиуси проценети на само околу 2.000 километри со внатрешни резервоари за гориво. Ниту една класа на борбен авион во западниот свет не може да го покрие тоа растојание.

Распоредувањето на Ф-35 често е поддржано од воздушни средства за полнење гориво, како што се танкери KC-135. Сепак, дури и со ваква поддршка, четирикратното зголемување на бројот на овие авиони на Гренланд е сè уште далеку од одржливо.

Прашањето за нуклеарните способности на Ф-35 е особено чувствително за Русија, откако во ноември беше проценето дека новата тактичка нуклеарна бомба Б61-13 може да убие приближно 360.000 руски урбани жители со еден удар.

Share This Article