Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руските сили ги уништиле производствените капацитети на воената фабрика Артјом во украинскиот главен град Киев со високо прецизни ракети со голем дострел.
– Прецизното оружје на руските Воздухопловно-вселенски сили со голем дострел ги елиминира производствените капацитети на авио-вселенската фабрика „Артјом“ во Киев – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.