Украинската делегација оди во регионот Гомел во Белорусија на разговори со Русија, изјави помошникот на Путин, пишува Канал5. Украина се согласи на преговори, јавија руски медиуми.
Соопштението доаѓа само неколку минути откако истече рокот што претходно го постави руската делегација за почеток на преговори со Украина.
– Веќе имавме намера да заминеме, но добивме информација од украинска страна за потврда на преговорите – прецизира Медински.
Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел.