More

    Русите прават замена за вијаграта

    spot_img

    Руската индустрија и Министерството за трговија ги забрзуваат напорите за производство на таблети кои ќе бидат замена за вијаграта, откако американскиот производител минатата година го суспендираше извозот на лекот во Русија, пишува весникот „Политико“.

    Американската фармацевтска компанија „Виатрис“, подружница на „Пајзер“, најави дека ќе ги запре планираните инвестиции и сите клинички испитувања во Русија поради инвазијата на Украина, но продолжи да извезува таблети против еректилна дисфункција.

    Руското Министерство за трговија, сепак, објави дека минатата година добиле информација од Виатрис за прекин на извозот на вијагра, пренесува порталот.

    За да го надополни недостатокот на лекот, Кремљ почна да ги поддржува клиничките испитувања во земјата и според резултатите пријавени до Интефакс, руските компании имаат технолошки способности да произведат генерички лек кој ја содржи супстанцијата силденафил, кој се продава под бренд име Виагра.

    Според податоците, 36 руски компании добиле потврда за регистрација за производство на рускиот таблет, за кој има огромна побарувачка, наведува Политико.

    Студијата, објавена од Комерсант, покажува дека во средината на 2022 година Русите купиле 2,7 милиони таблети против еректилна дисфункција, што е зголемување за 88 отсто во споредба со истиот период во 2021 година.

    Во првите три квартали од 2022 година, производството на лекот што содржи силденафил се зголеми за 11 отсто, додека продажбата се зголеми за повеќе од 15 отсто, пишува Интерфакс.

    Руското Министерство за здравство соопшти дека во аптеките нема недостиг од овој генерички лек.

    Санкциите наметнати на Русија од страна на САД, Велика Британија и Европската унија не се однесуваат на лекови и медицинска опрема, но западните фармацевтски компании предупредија дека снабдувањето со лекови може да биде тешко поради ограничувањата на банките, а повеќето од нив доброволно се откажа од бизнисот во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img