Од бројни извори се наведуваат стравувањата на западните претставници, дека во воените дејствија во Украина би можеле да се вклучат единици на белоруската војска.
Претходно објавивме дека Белорусија ги повлече своите дипломати од Киев, чин кој многумина го протолкуваа како последна подготовка пред инвазија.
Во меѓувреме се појави и видео снимка на кои можат да се видат камиони на белоруската армија, кои наводно се упатени кон украинската граница, во близина на тромеѓата меѓу Полска, Украина и Белорусија.
Се шпекулира дека белоруските сили ќе се обидат да ги освојат крајните западни делови на Украина, од каде постојано на украинската војска ѝ пристигнува воена помош.
Во меѓувреме се појавија и снимки за раздвиженоста на руските сили во Донбас, кои наводно носат нова опрема во правец на градот Изјум, каде е сконцентрирана поголема група на украински војници.