Русите нападнаа преполн украински супермаркет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руските сили денеска ракетираат супермаркет во украинскиот град Костјантиновка, во регионот на Доњецк. Нападот бил извршен додека во продавницата имало многу луѓе. На социјалните мрежи се шират снимки од нападот.

Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 35 се ранети, соопшти Украинската канцеларија за вонредни ситуации. Се стравува дека под урнатините на продавницата има повеќе луѓе.

Украинските власти најавија дека ги утврдуваат сите последици од нападот.

– Нападот на супермаркетот во Костијантинивка е уште еден пример за руски терор. Сè што можат да направат е да убиваат цивили – објави на Телеграм Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

За ракетниот напад реагираше и самиот Зеленски, кој напиша дека многу луѓе се заробени под урнатините, додавајќи дека спасувачките служби „ќе направат се за да ги извлечат“.

– Русија ќе биде одговорна за овој терор – додаде Зеленски.

 

Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на мрежата Икс напиша дека жена од Костјантиновка изјавила дека нејзината 10-годишна ќерка и деверот биле во супермаркетот во моментот на нападот и дека не се знае дали се живи.

- Advertisement -
Ad image

Шефот на регионалната воена администрација изјави дека Русите го нападнале супермаркетот со ракета од типот Х-38.

Во нападот се оштетени 9 продавници, пошта, 9 приватни куќи, 12 изложбени павилјони и 12 автомобили.

Share This Article