Русите ја бомбардираат фабриката „Азот“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските сили беа принудени да се повлечат од центарот на Северодоњецк, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија.

„Непријателот со помош на артилерија изврши напад во Северодоњецк, постигна делумен успех и ги принуди нашите единици да се повлечат од центарот на градот. Борбите продолжуваат“, се наведува во соопштението на украинските вооружени сили.

 

Гувернерот на Луганската област, Сергеј Хајдај, исто така ја потврди информацијата.

„Уличните борби продолжуваат … Русите продолжуваат да го уништуваат градот“, пишува Хајдај на Фејсбук.

Според Хајдај, руските сили ја бомбардираат хемиската фабрика „Азот“, каде се кријат цивили, како и пречистителни станици во Северодоњецк.

Share This Article