More

    Русите извршија ракетен напад на повеќе градови во Украина

    spot_img

    Рано утровои во цела Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку 5 лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

    Како што јави Би-Би-Си, во Дњепар загинале жена и тригодишно дете.

    Фотографии објавени на социјалните мрежи од градот Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена. Шефот на воената управа во областа Ихор Табуретс информира дека во тој напад загинале 3 лица, а 8 се повредени.

    Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, јави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.

    Во Киев, системот за противвоздушна одбрана собори 11 проектили и два беспилотни летала, соопштија локалните власти.

    Шефот на воената администрација на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img