Русите им поставија услови на Украинците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кремљ денеска соопшти дека воената операција против Украина ќе трае онолку колку што е потребно, во зависност од нејзините „резултати“ и нејзиното „оправдување“, и додава дека Русите го поддржуваат нападот.

Русија почна инвазија врз Украина од копно, воздух и море, што е најголемиот напад на друга земја во Европа од Втората светска војна.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да наметне „неутрален статус“ на Украина, да ја демилитаризира и да ги отстрани „нацистите“ од земјата.

– Времетраењето (на операцијата) ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе одлучи врховниот командант на вооружените сили Владимир Путин – рече Песков.

Тој тврди дека Москва не сака да ја „окупира Украина“ и дека иднината е „прашање на избор на украинскиот народ“.

– Теоретски, Украина треба да се ослободи и исчисти од нацистите – изјави портпаролот на Кремљ.

Москва ги обвинува прозападните власти во Киев дека со помош на воени групи блиски до крајната десница организирале „геноцид“ на жителите кои зборуваат руски на исток.

Сепак, портпаролот на Кремљ не одговори на прашањето дали Москва го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за „нацист“.

Според него, одлуката за напад на Украина „била диктирана од грижата за иднината на Русија, која со недели барала од Западот да вети дека Киев никогаш нема да влезе во НАТО“.

- Advertisement -
Ad image

Тој ја спомена „неутрализацијата на воениот потенцијал на Украина“, која „неодамна беше силно зајакната, дури и благодарение на акциите на странските земји“.

Песков исто така рече дека Москва е подготвена да разговаа со украинските лидери за овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“.

– Направивме се што можеме за да го направиме овој емотивен период што е можно пократок – рече тој, додека рубљата беше во слободен пад на Московската берза.

- Advertisement -
Ad image

Тој исто така рече дека „земја како Русија“ не може да биде изолирана на меѓународната сцена, и покрај заканите од Западот.

Share This Article