Русите го ставаат Мариупол во карантин поради можна појава на колера, изјави советникот на градоначалникот за украинската телевизија United News TV.
– Гледаме како градот се затвора – рече Петро Андриушченко, додавајќи дека „за колера се зборува внатре во градот, меѓу окупаторите и нивните сојузници“.
Би-би-си нагласува дека не може да ги потврди неговите тврдења.
Локалните и светските медиуми со недели пишуваа дека во градот може да се случи хуманитарна катастрофа поради недостиг на храна и вода за пиење.