Делегацијата на Руската фудбалска федерација ќе учествува на Конгресот на ФИФА закажан за март.
Редовниот Конгрес на Меѓународната фудбалска федерација е закажан за 16 март, а ќе се одржи во Кигали, Руанда.
На Конгресот главна тема и настан секако ќе бидат изборите за нов претседател на ФИФА каде единствен кандидат е актуелниот прв човек на светскиот фудбал Џани Инфантино.
„Делегацијата на Руската фудбалска федерација ќе учествува на Конгресот на ФИФА“, потврдија од Федерацијата за руските медиуми.
На претходниот Конгрес, на руската делегација не и беше дозволено да присуствува иако Руската фудбалска федерација не беше исклучена од телото на ФИФА кога на националните тимови им беше забрането да учествуваат во натпреварите на ФИФА по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.