More

    Русите демантираат дека нивна цел се цивили

    spot_img

    Гувернерот на Доњецката област, Павло Кириленко, денеска ги обвини руските сили за употреба на касетна муниција при нападот на железничката станица во градот Краматорск, во кој загинаа најмалку 39 лица.

    Тој на интернет објави фотографија на која се гледаат неколку тела на земја покрај куп куфери и друг багаж, но не наведе со какви докази располага за видот на оружјето што е употребено во нападот.

    – Ако на почетокот гаѓаа исклучиво железнички пруги, сега тоа не се само пруги, туку се истрелуваат проектили кои содржат касетна муниција наменета за луѓе. Тоа е апсолутна потврда дека овој напад беше наменет против цивили – истакна Кириленко.

    Русија демантира дека мета на нејзините напади се цивили. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетите кои наводно ја погодиле станицата ги користи само украинската армија, а руските вооружени сили денеска не планирале да гаѓаат какви било цели во Краматорск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img