Украинските сили ослободија клучно село во јужниот регион Херсон, терајќи ги Русите да се повлечат. Министерството за одбрана во Киев објави видео на кое се гледа како 35-та поморска бригада го подига украинското знаме над Давидов Брид, јавува Би-Би-Си.
Жителите снимиле украински војници како шетаат низ селото. Русите сега се принудени да се повлекуваат и на југ.
Во своето обраќање во вторникот вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се ослободени и селата Љубимивка, Хрешченивка, Золота Балка, Билјаивка, Украинка, Велика Олександривка и Мала Олександривка и дека тоа е „само дел од целиот список“.
Украинскиот заменик-министер за внатрешни работи, Јевхен Енин, рече дека 50 градови и села се повторно заземени, а околу 3.500 граѓани се ослободени во Керсон, но не кажа во кој период. Министерството подоцна соопшти дека руските сили се деморализирани и се обидуваат да уништат мостови во обид да го забават украинското напредување.
– Нема причина за паника.
Претседателот Џо Бајден разговараше со Зеленски во вторникот и го увери дека САД никогаш нема да ја признаат руската анексија. Тие, исто така, разговараа за нова помош од 625 милиони американски долари, коа ќе ги вклучува и ракетните фрлачи Химарс.
Немаше непосредна потврда дека паднале и селата североисточно од Давидив Брид, а рускиот воен портпарол не спомна тамошни загуби.
Но, на мапите користени за да се илустрира руската контрола, беше јасно дека таа повеќе не ги вклучува селата Архангелск и Велика Олександривка на северо-источниот дел на регионот и Дудчани на брегот на реката Дњепар.
Рускиот воен блогер Рибар рече дека армијата одлучила да се повлече бидејќи е во опасност да биде опколена.
„Не е сосема јасно каде ќе биде новата линија на контакт“, напиша тој.
Протераниот заменик-градоначалник на Херсон, Роман Холовнија, рече:
– Многу населени места беа срамнети со земја. Во некои населби речиси и да нема неуништени згради.
Тој додаде дека жителите на градот ги чекаат украинските сили, знаејќи дека тие напредуваат.
Од 320.000 луѓе што живееле таму пред војната, останале само 100.000, рече Холовнија.