Русинката која упадна во ТВ пренос со плакат против војната во Украина е хоспитализирана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Француското обвинителство го истражува наводното труење на руската новинарка кој побегна во земјата откако ја осуди војната во Украина за време на директен пренос на руска телевизија.

Марина Овсијаникова повикала брза помош и била хоспитализирана откако одеднаш и се слошило додека го напуштала својот стан во Париз и рече дека се сомнева дека е отруена, соопшти париското обвинителство.

Полицијата извршила претрес во нејзиниот стан, а истрагата е во тек. Организацијата за набљудување на медиумите Репортери без граници, која и помогна на Овсијаникова да избега од Русија и да се насели во Франција, рече дека нивниот тим бил со неа откако таа побарала лекарска помош. Групата, позната и по францускиот акроним „RSF“, немаше дополнителни информации за тоа што се случило.

Русија ја осуди новинарката Овсијаникова на 8 и пол години затвор

Овсијаникова, која работеше за руската државна телевизија Канал 1, привлече меѓународно внимание во март 2022 година, откако се појави зад водителка на вечерни вести со натпис: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, ве лажат“.

Таа беше обвинета за навреда на руската армија и казнета со 30.000 рубљи (270 долари во тоа време). Таа подоцна организираше протест во близина на Кремљ во јули 2022 година, беше приведена и ставена во домашен притвор пред да побегне во Франција со својата ќерка.

На почетокот на овој месец, московскиот суд во отсуство ја осуди на осум и пол години затвор поради ширење лажни информации за руската војска. Тоа беше најновиот пример на руското задушување на несогласувањето, кое се интензивираше откако Русија ја нападна Украина пред речиси 20 месеци.

Share This Article