Русија: Заладени односи со Молдавија, властите во Кишињев водат антируска политика

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кремљ оцени дека односите со Молдавија се многу напнати и ги обвини властите во Кишињев дека водат антируска политика.

Парламентот на Молдавија минатата недела го потврди изборот на нова прозападна влада, откако претходната поднесе колективна оставка, поради бројни политички и економски скандали.

Новиот премиер Дорин Речен изјави дека неговиот кабинет ќе го продолжи проевропскиот пат и побара демилитаризација на регионот Придњестровје, чии сепаратистички власти ја уживаат поддршката на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Русија се однесува „одговорно“ во однос на нејзините мировни сили во Придњестровје и и порача на Молдавија да не ја ескалира ситуацијата.

„Нашите односи со Молдавија се веќе многу напнати. Раководството секогаш се фокусира на се што е антируско, тие се лизгаат во антируска хистерија“, изјави Песков за новинарите.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду неодамна изјави дека има разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија планира државен удар за да ја собори владата во Кишињев и да предизвика хаос во земјата.

Share This Article