Русија забранува употреба на странски зборови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со новите амандмани на рускиот закон на јавните службеници им се забранува употреба на повеќето странски зборови во текот на извршување на должноста, по одлуката која ја потпиша претседателот Владимир Путин.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин постојано повторува дека сака да ја заштити Русија од, како што го нарекува, дегенерираниот Запад кој се обидува да ја уништи земјата.

Амандманите на законот од 2005 година беа осмислени за да го заштитат статусот на Русите, се вели во текстот објавен на веб-страницата на Владата.

– Кога се користи рускиот јазик како државен јазик на Руската Федерација, не е дозволено да се користат зборови и изрази кои не одговараат на нормите на современиот руски јазик, освен за странски зборови кои немаат еквиваленти во широка употреба на рускиот јазик – се вели во текстот.

Списокот на странски зборови што сè уште може да се користат ќе биде објавен посебно. Во амандманите не се споменуваат казни за тие кои нема да го почитуваат изменетиот закон.

Share This Article