Русија забрани влез за 963 Американци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија соопшти дека им забранила влез во земјата на 963 американски државјани, меѓу кои и претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс.

Министерството за надворешни работи во соопштението нагласи дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека „непријателските дејствија“ ќе продолжат да добиваат „соодветен одговор“, пренесуваат руските медиуми.

„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.

Share This Article