More

    Русија забрани промена на пол

    spot_img

    Државната дума на Руската Федерација денеска официјално усвои законот за забрана за промена на полот на територијата на земјата.

    Со узвоените измени, во Законот за основите на здравствената заштита на граѓаните во Руската Федерација се воведува одредба според која „се забрануваат медицински интервенции насочени кон промена на полот на лицето, вклучително и формирање на примарни или секундарни полови карактеристики“, пренесува Ројтерс.

    Законот дозволува медицинска интервенција за лекување на вродени аномалии на формирање на пол кај децата, но само „со одлука на лекарската комисија на сојузната државна здравствена установа“.

    „Оваа одлука ги штити нашите граѓани и деца. Замислете, во САД, бројот на операции за промена на полот е зголемен за 50 пати во последните десет години. Во САД, според податоците од 2022 година, има милион и 640 илјади трансродови лица, од кои 340.000 се тинејџери Монструозна тенденција! Тоа е патот што води до дегенерација на нацијата. Тоа е неприфатливо за нас “, коментира претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на Телеграм.

    Иницијативата за воведување на овој закон беше поднесена во мај годинава, а на неа работеа околу 400 парламентарци, пишува „РИА Новости“.

    Во согласност со овој закон, престанува да важи бракот во кој еден од брачните другари одлучил да го промени полот, а доколку се знае дека одредено лице има потврда дека е подложено на споменатата операција, во тој случај на тоа лице му се забранува да посвојува деца.

    Сепак, сите лица кои го промениле полот пред стапувањето во сила на овој закон не подлежат на новите норми.

    Думата денеска ја забрани и употребата на медицински препарати кои имаат за цел промена на полот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img