Русија го уапсила генералниот директор на фабрика за авиони под сомнение дека доставувал доверливи воени информации на Украина, објавија руските новински агенции во вторникот, цитирајќи ја Федералната служба за безбедност ФСБ.
ФСБ објави дека се сомнева дека маж фотографирал опрема од руски борбени авиони и ги праќал на украински државјанин кој работел во украинска фабрика за авиони, пишуваат руските медиуми.
ФСБ соопшти дека на осомничениот маж ќе му се суди за предавство.