Русија соопшти дека заземала уште три села во регионот Донбас во источна Украина, каде што руските сили забрзано напредувале во последните денови во близина на градовите Курахова и Селидове.
Руските војници ги окупираа местата Горњак, Катеринивка и Богојавленка, објави руското Министерство за одбрана во дневниот извештај.
Рускиот претседател Владимир Путин го прогласи за приоритет освојувањето на индустриската област Донбас, а руската армија напредува таму со недели.