More

    Русија се повлекува во Меѓународната вселенска станица

    spot_img

    Русија ќе престане да ја користи Меѓународната вселенска станица по 2024 година, соопшти денеска шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, Јуриј Борисов.

    – Без сомнение ќе ги исполниме сите наши обврски кон нашите партнери во Меѓународната вселенска станица – рече Борисов на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

    – Сепак, донесена е одлука да се напушти таа станица по 2024 година – нагласи тој.

    Тој рече дека мисли дека дотогаш ќе започне формирањето на руската орбитална станица, која ќе биде „главен приоритет“ на руската национална вселенска програма.

    – Иднината на руските летови со екипаж треба пред сè да се заснова на систематска и избалансирана научна програма, со цел секој лет да нè збогатува со знаење во вселенската сфера – рече тој.

    Борисов беше назначен за шеф на Роскосмос во средината на јули, на местото на Дмитриј Рогозин. До тогаш 65-годишниот Борисов беше вицепремиер задолжен за рускиот воено индустриски комплекс, кој го вклучува и секторот што се занимава со вселената.

    – Вселенскиот сектор е во тешка ситуација и мислам дека мојата главна задача не е да го спуштам нивото, туку да го подигнам повисоко, пред сè обезбедувајќи ги потребните вселенски услуги за руската економија – рече Борисов пред Путин, наведувајќи ги навигацијата, комуникациите и преносот на податоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img