Русија планира да распореди музичари на првата линија од фронтот во војната во Украина во обид да го крене и зајакне моралот на војниците, пишува „Би-би-и“.
Министерството за одбрана во објави формирањето на ваква „креативна бригада“ велејќи дека во неа ќе бидат вклучени вокалисти и инструменталисти. Британското разузнавање, потсетува „Би-би-си“, исто така, посочи дека Москва ќе формира ваква бригада.
Во меѓувреме, на фронтот се појави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој ги посети војници. Во соопштението кое го објавија од неговиот кабинет беше наведено дека тој летал околу областите каде се распоредени војниците и ги проверувал наредните позиции руските сили во „специјалната воена операција“.
Оттаму тврдеа и дека Шојгу разговарал со војниците на фронтот.
Сепак, наведува „Би-би-си“ прашање е дали новата „креативна бригада“ ќе го одвлече вниманието на војници кои првенствено беа загрижени за високата стапна на загинати, за лошото раководење, проблемот со платите, за недостатокот на опрема и муниција, како и немањето јасни цели во војната