Руското МНР остро реагираше на затворањето на конзулатот на руската во Битола. Тие ја нарекоа одлуката на македонската влада да престане да именува почесен конзул „слепа лојалност кон западните сојузници, нивната политика на санкции и брутален притисок врз Русија“. За Москва Македонија повторно направила непријателски гест.
„Жалиме што во вакви времиња, почесните конзули, кои помагаат во развојот на меѓучовечките контакти, кои нудат помош за граѓаните и бизнисот, се жртвувани во антируската кауза во Скопје. Очигледно, тие не се грижат за нивните интереси и провоцираат наша реакција, која, секако, ќе следува”,велат од руското МНР.0
Инаку, одлуката за повлекување на согласноста од страна на македонската влада е донесена на 17 мај годинава, а објавена е во Службен весник на 1 јуни 2022 г.
Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола беше отворен на 31 август 2016 г., а за почесен конзул беше назначен бизнисменот и некогашен директор на спортскиот клуб „Вардар”, Сергеј Самсоненко.
На отворањето беше речено дека целта на конзулатот ќе биде унапредување на економската соработка помеѓу македонските и руските компании, но и развој на билатералните односи помеѓу двете земји. Покрај Битола, конзулатот ги покриваше и териториите на општините Прилеп, Крушево, Могила, Кривогаштани и Новаци.