Русија реагира на американските дронови во Црно Море

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русија издаде предупредување дека нејзините сили ќе преземат „мерки за брз одговор“ со цел да се спречат потенцијалните инциденти во воздушниот простор поради сè почестото појавување на американски дронови над Црно Море.

„Таквите летови во голема мера ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авионите на руските Воздушно-вселенски сили, што го зголемува ризикот од директен конфликт помеѓу Алијансата и Руската Федерација. За тоа одговорни ќе бидат земјите од НАТО“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така, руското МО ги обвинува САД дека ги користат дроновите за извидување и размена на разузнавачки податоци со Украина.

„Интензивираните летови на американските дронови над Црно Море укажуваат на сè поголемата вклученост на САД и земјите-членки на НАТО во судирот во Украина, на страната на Киев“, се посочува во соопштението на руското МО.

Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов му наредил на Генералштабот да преземе мерки против американските дронови.

Share This Article