Русија распоредува бродови и авиони во предворјето на Америка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега дозволи руски војници, авиони и бродови да бидат стационирани во Никарагва за обука, спроведување или одговор на вонредни ситуации.

Со декретот Ортега ќе им дозволи на руските војници да извршуваат задачи за јавен ред, „хуманитарна помош, мисии за спасување и пребарување во итни случаи или природни катастрофи“.

Владата на Никарагва дозволи и присуство на мали контингенти руски војници за „размена на искуства и обука“.

Ортега е верен сојузник на Русија откако ја предводеше револуцијата во 1979 година, со која беше соборен диктаторот Анастасио Сомос. Ортега беше претседател од 1985 до 1990 година, а беше реизбран во 2007 година.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,  изјави дека мерката е „рутинска“.

Share This Article